Колумни
ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Целетоиди, селфоиди, андроиди…
Одрекувањето од интимноста заради аплаузи или лајкови е уште еден од многуте современи феномени, кои се многу далеку од феноменалност.
Селфи опсесијата е бениген облик на нарцисоидност или потреба да се пополни „празното“ време со себе си (сличноста на зборот селфи со зборот selfich е случајна).
Целетоидите се сите учесници во реалити – шоу емисиите чија медиумска „афирмација“ нема врска со супериорноста на талентот. Единствена сатисфакција е пазарната ориентација што е пак човечка деградација. Нивната суета и жед за популарноста е посилна од разумот, срамот, стилот на комуникацијата… За медиумски популарни ликови или т.н. „јавни фаци“ ваквите мас-медиуми до некаде се оправдани, многу познати актери успеале да се „продадат“ во јавноста со своите селфи автопортрети.



