Толеранција до балчак
„Со него нема никаква спогодба , затоа што не мисли како мене…“
Нема дијалог кога си убеден во сопствената непогрешивост, а прагот на толеранција си го оставил пред прагот на портата за преговори за кои ти е преку балчак.
Просторот за отворени јавни дебати со години е сѐ потесен, дебата на неистомисленици веќе и не постои ! Мерката за вистинските вредности се изгуби со губењето на дебати и отворени дијалози преку медиумите, чија главна улога е да обезбеди различни мислења од соговорниците. Заблуда е да се мисли дека секој дијалог мора да е објективен и исправен, затоа што многу вешто, за жал сѐ почесто и невешто, се кријат важните факти за аргументација.
Дијалектиката на ставовите не смее насилно да се прекинува, замолчува или одложува, туку да се одржува во кондиција до конечно решение. Но, треба да се има став, цврст став, особено кога се работи за државни прашања од национален интерес.


