Убавина и здравје
Кора од банана и лелено семе како природен ботокс – вистина или мит?
Дали навистина можеме да ја замениме естетската медицина со природни состојки? Социјалните мрежи се преполни со „чудотворни“ рецепти за подмладување, но дерматолозите предупредуваат дека многу од овие методи немаат научна поткрепа.
Од бананова кора до ленено семе, корисниците на TikTok и Instagram масовно експериментираат со природни состојки, нарекувајќи ги „nature’s Botox“. Некои тврдат дека ефектите се неверојатни – затегната кожа, помалку брчки и природен сјај.
Сепак, експертите остануваат скептични. Дерматологот Муниб Шах предупредува дека, иако некои природни масла имаат корисни својства, нема ниту една состојка што може да ги даде резултатите на вистински ботокс.




