Колумни
Времето не познава ниту етникуми, ниту религија, ниту политика, ниту социјален статус… тоа само се менува… а така нè менува и нас самите…
Ако нешто го допре кодот на нашата душа, се запаметува за навек и се одразува врз сè што следува.
На тој начин, се обидуваме да ја спознаеме вистинската форма на небото и земјата. Тоа е единствениот начин за да продолжиме да живееме дури и по работ на мостот кој го создаваме и кога сонуваме дека чекориме по него и кога сме будни или освестени.
Живеејќи со тие кои се дел од нашата душа…тука на земјата, искрадувајќи се секој миг да дојдеме и до душите на тие кои си заминале за навек и тоа барајќи ги во ѕвездите, во звукот на ветрот, во кочијата на полната месечина, во зракот на сонцето, во капките дожд кои нè допираат, во боите на виножитото.



