Магазин
Афродизијакот на Каролина Гочева: AVON Attraction пристигна во Македонија
Првиот парфем кој е специјално создаден да го привлече спротивниот пол, AVON Attraction – пристигна и во Македонија, а заштитно лице на овој сензуaлен мирис за нашиот пазар е познатата пејачка Каролина Гочева.
Креирани се и машка и женска верзија кои како заедничка нота имаат магнетен мошус и пред да се појават во продажба беа тестирани на стотици љубовни двојки ширум светот. Тие еден викенд поминале заедно користејќи го само Avon Attraction што предизвикало голем број интересни искуства и учесниците на крајот изјавиле дека парфемот ја зголемил нивната меѓусебна привлечност и придонел да се чувствуваат атрактивно.
Популарната пејачка Каролина Гочева пред околу еден месец стана заштитно лице на AVON Македонија и прв производ од богатата палета на козметичкиот гигант зад кој застанува е токму заводливиот AVON Attraction.





