Занимливости
Пријателите кои заедно пијат имат поцврсти, поблиски и потрајни односи
Има нешто во пиењето во друштво, кога пријателите без двоумење меѓусебно споделуваат тајни, заедно се смеат на секојдневните случувања и плачат на лошата судбина. Таквите можности неретко меѓу луѓето создаваат поврзаност, која е посилна од вообичаеното во животот, потврдуваат научниците.
Студијата за влијанието на алкохолот врз здравјето и среќата ја спроведе тим научници од Париз. Тие собраа информации од 150.000 луѓе, разделувајќи ги во пет основни групи, според количеството испиен алкохол на ден.
Меѓу другото, тие заклучија дека луѓето кои умерено конзумираат алкохол се едни од најздравите, но не затоа што пијат, туку затоа што имат активен социјален живот. Тие, исто така, се најсреќни луѓе, пишува Elite Daily.




