Занимливости
Ако пиете горчливо кафе, можеби сте психопат
Со проучување на односот меѓу личноста и склоноста кон специфични вкусови, научниците од Универзитетот во Инзбрук откриле дека луѓето кои сакаат горчливо, имаат тенденција повеќе од другите кон садизмот, макијавелизмот, нарцизмот и антисоцијално однесување, пренесува Танјуг.
Тие луѓе, исто така, често се егоистични и многу себични.
Во текот на истражувањето, волонтерите биле изложени на разни категории на вкусови (благо, солено, кисело и горчливо), а потоа морале да ги рангираат по преференциите и да одговораат на прашања кои се однесуваат на нивната личност.




