Анџелина Џоли се огласи за војната во Украина: Се молам за народот, мораме да им помогнеме на бегалците
Анџелина Џоли се моли за луѓето во Украина среде руската инвазија.
Во изјавата на Инстаграм, актерката – која исто така врши функција како специјален пратеник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) – вели:
-Како и многумина од вас, се молам за народот на Украина. Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги од УНХЦР, е да се направи сè што е во наша моќ за да се обезбеди заштита и основните човекови права на раселените лица и бегалците во регионот.




