Шоубиз
Анџелина Џоли и Бред Пит по осум години борба постигнаа договор за развод
Филмските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли потпишаа договор за развод, објави магазинот People. Со ова се става крај на осумгодишната правна сага на поранешната холивудска двојка.
Поранешната актерска двојка Анџелина Џоли (49) и Бред Пит (61) се согласија да се разведат по долги осум години. Веста за медиумите ја потврдил нејзиниот адвокат, пишува Би-Би-Си.
„Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата ги напуштија сите имоти што ги делеше со Пит и оттогаш се фокусираше на наоѓање мир и исцелување за своето семејство. Ова е само дел од долгорочниот процес кој започна пред осум години. Да бидам искрен, Анџелина е исцрпена, но и олесна што овој дел е завршен“, изјави адвокатот на Џоли, Џејмс Сајмон.





