Занимливости
Бекамови „тежат“ вкупно 500 милиони фунти
Најновите истражувања на вредноста на брендот Бекамови, кој меѓу другото вклучува профитабилни производи, модни договори и креации за модните писти, покажува дека станува збор за вредност во износ од 500 милиони фунти (690 милиони евра).
Маркетиншката вредност на членовите на ова семејство – поранешениот капитен на англиската фудбалска репрезентација Дејвид, модниот дизајнер Викторија и нивните деца – Бруклин, Ромео, Круз и Харпер, ја пресметала Лондонската школа за маркетинг.
Нивната годишна заработувачка изнесува меѓу 30 до 40 милиони фунти, а милионите доаѓаат од три главни извори: Footworks, каде спаѓаат работи поврзани за кариерата на Дејвид во спортот, Backham label кој се однесува на рекламните договори и Beckham Ventures, што подразбира сегмент поврзан за аспирациите на Викторија во светот на модата.




