Занимливости
Песната „Happy Birthday“ им припаѓа на сите луѓе
Популарната песна „Happy Birthday“ сега и официјално им припаѓа на сите луѓе во светот.
Судијата од судот во Лос Анџелес пресуди дека песната претставува јавно добро и со тоа го одби барањето на компанијата Warner Musi и понатаму да и се признаваат авторските права на оваа песна.
Окружниот суд одлучи дека песната му припаѓа на светот. Со тоа завршена е оваа двегодишна правна битка на неколку фирми и мегакомпании.




