Занимливости
БОЖИЌНИ ПОДАРОЦИ: Мажите оваа година најмногу го сакаат „паметниот чадор“
На листата на подароци „кои секој маж ги посакува, но би чувствувал вина доколку би си ги купил самиот“, што традиционално ја изработува „Голдман Сакс“, годинава се најде и „паметниот чадор“.
Како што објави „Бизнис Инсајдер“, „паметниот чадор“ се најде меѓу најпосакуваните подароци за претстојните божиќни и новогодишни празници, како нешто што треба да го има секој маж кој редовно патува, затоа што овој чадор не можете никако да го загубите или заборавите.
Чадорот „Киша“, дело на двјаца студенти од хрватскиот град Ријека, има вграден блутут уред и ако неговиот сопственик се оддалечи од него, апликацијата испраќа предупредување до мобилниот телефон.



