Шоубиз
Жени што го менуваат светот: TIME ја објави листата на највлијателни жени во 2024 година
TIME ја објави листата на 13 жени кои со своите дела, храброст и влијание предизвикаа значајни општествени промени во текот на изминатата година.
Со овој избор, угледниот магазин ја истакнува улогата на жените кои се борат против неправдата, го подигаат гласот за клучните прашања и поттикнуваат трансформации во своите заедници и пошироко.
Жизел Пелико – сведоштво што одекна низ светот
Меѓу најзначајните имиња на листата е Жизел Пелико, храбрата жена која со своето сведочење стана симбол на борбата против сексуалното насилство.





