Магазин
Брендот „Елена Лука“ прославува 10-годишен јубилеј
Македонскиот моден бренд Елена Лука, годинава прославува исклучително значаен, 10-годишен јубилеј!
Пред десет години беше амбициозна визија на генералниот менаџер, г-ѓа Елена Пандева, а денеска е етаблиран моден бренд по сите светски параметри, бренд што ја презеде одговорноста со себе да го носи нивото на светските стандарди и да го крши мразот пред неоткриените светови.
По тој повод, Елена Лука ќе ја промовира својата ексклузивна, јубилејна колекција „Х“ на Модната недела во Софија, Бугарија, која е на ниво на светските случувања во доменот на модната индустрија.




