Магазин
Дали е безбедно да се патува во Париз?
И покрај соопштението дека Франција ги затворила своите граници за сега нема измени во сообраќајот на авионите, возовите и траектите, а сите туристички атракции повторно се отворени вчера попладне.
Во меѓувреме анагажирани се голем број полицајци, а зајакната е и граничната контрола, што значи дека претстојот во Париз би требало да биде безбеден. Со оглед на зајакнатите безбедносни мерки, поголеми се шансите за доцнење на летовите и застој на патиштата, вели туристичкиот новинар, Ник Тренд.
Сепак Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги советуваше своите граѓани да бидат внимателни на јавните места и да ги следат упатствата на локалните власти, особено движењето во градот да се сведе на минимум.




