Магазин
Десетте најдобри плажи во светот за 2017 година се….
Сајтот „Трип Адвајсор“ го објави списокот на најубави плажи во светот заради што вашиот одмор годинава може да изгледа како сте во рајот. Плажите се избрани врз основа на гласовите на туристите.
На прво место се наоѓа плажата „Баја до Санчо“, во бразилскиот архипелаг Фернандо де Нороња. Туристите таму се привлечени од кристално чистата вода што е идеална за нуркање на песочните плажи.
Плажата „Грејс“, на островите Туркс и Каикос, се најде на второ место. Туристите истакнуваат дека таму се привлечени од неверојатната боја на водата и празната плажа.




