Ви препорачуваме
Вечерва феномен на небото: Ќе се појави „Сина Месечина“
Феноменот „Сина Месечина“, која не очекува денеска, е природна појава што се случува кога во еден месец полната Месечина се јавува два пати.
Појавата не е многу честа, што и ја прави поинтересна. Последен пат феноменот е забележан во август 2012 година, а следниот пат ќе се случи во јануари 2018 година.
Иако се работи за нормална природна појава, многумина на овој феномен му препишуваат посебна моќ, а различни народни верувања сугерираат дека за време на „Сината Месечина“ се е можно.




