Магазин
Дрезден – непроценливото богатство на Европа
Зелениот трезор во Дрезденскиот замок содржи една од најголемите колекции со богатство во Европа, а неговите спектакуларни барокни одаи се преполни со скапоцени камења и уметнички дела.
Иако овие ремек дела не се ништо помалку вредни од оние во Фиренца или Венеција, тие се уште ја немаат стекнато светската популарност. Меѓутоа, со реставрацијата на замокот, што беше направена минатата година, Зелениот трезор стана европски „ковчег со богатство“.
На почетокот на 18 век, Август Втори Силниот, владетелот на Саксонија, од Дрезден направил центар на уметноста и културата, повикувајќи талентирани вајари, јувелири и сликари, да живеат во овој град.




