Занимливости
Екстремно кампирање на височина од 1.700 метри (ФОТО)
Околу стотина кампери ги расклопија своите шатори на работ од планината Лаоѓуен, во Кина, за да присуствуваат на неверојатниот призор на изгрејсонце.
Кампирањето на планината Лаоѓуен, во кинеската провинција Хенан, е едно од најекстремните, со оглед на фактот дека камперите спијат на раб од планината, на височина од 1.700 метри.
– Се наоѓаме на задната страна од планината, која не е ветровита и не е отворена за туристички обиколки, туку претставува релативно удобно место за камперите, вели Сју Леј, еден од организаторите на патувањето.





