Занимливости
Елизабет Холмс ја доби наградата „најмлад милијардер на светот“
Основачот на компанијата „Теранос“, Елизабет Холмс ја доби наградата на магазинот „Форбс“ за најмлад милијардер на светот.
– Се чувствувам како да сум родена да го правам тоа, рече Холмс за време на доделувањето на наградата на Самит на успешни луѓе помлади од 30 години на „Фирбс“.
Таа нагласи дека она што ја инспирирало да создаде иновативен начин за тестирање на крвта, бил нејзин личен страв од игли, додавајќи дека нејзината алтруистичка мисија и работна етика треба да претставува инспирација за многумина.




