Магазин
Нов член на фамилијата тост лебови на Жито Лукс: Млечен леб
Жито Лукс повторно им излезе во пресрет на своите потрошувачи, преку создавање на уште еден вкусен тост леб. Новиот млечен тост леб е направен од квалитетно бело брашно и млеко, што му дава богат вкус и неодолива мека структура.
Лебот може да се комбинира со благи или солени намази и додатоци, да се комбинира со главните јадења, или пак да се консумира како закуска,со што претставува идеален избор за секој член од семејството, но поради неодоливо миризливата нота на свежо и вкусно, Млечниот тост леб најмногу ги задоволува апетитите на најмладите.
Неодоливиот млечен вкус ја задржува свежината подолг период, без употреба на конзерванси. Млечниот леб веќе е достапен во продажба по промотивна цена.




