Занимливости
Чаша вино има исто дејство како еден час вежбање
Научници од Универзитетот во Канада открија дека ресвератролот, состојка која се наоѓа во црното вино, има исто дејство на нашиот организам, како еден час вежбање.
Лидерот на проектот и тимот кој го објави истражувањето Џејсон Дик, вели дека чаша црно вино ги подобува нашите физички способности и на работата на срцето и на силата на мускулите влијае на ист начин како што би влијаел час вежбање во теретана.
– Сметам дека ресвератролот може да помогне на луѓето кои сакаат да вежбаат, но физички од одредени причини се неспособни за тоа, појаснува Дик.




