Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фановите се возбудени: Трејлерот за новиот „Бетмен“ првиот ден го погледнаа над шест милиони луѓе (ВИДЕО)

Магазин

Новиот трејлер се фокусира на врската помеѓу Бетмен и Жена-мачка, а Бетмен во филмот се обидува да го победи The Riddler. Последното од најавните видеа повторно заработи исклучително големо внимание на социјалните мрежи.

На официјалниот канал на Warner Bros во понеделник објавен е трејлер за очекуваното продолжение на „Batman“. Овој пат Роберт Патинсон го гледаме во улогата на Бетмен, а Зои Кравиц во улогата на Жена-мачка.

Во новото продолжение Бетмен се обидува да го победи The Riddler кој го игра Пол Дано.Во актерската екипа се и Енди Серкис како Пениворт, Џефри Рајт како Џејмс Гордон од GCPD, Џон Туртуро како Кармин Фалконе, Питер Сарсгард како Гил Колсон и Колин Ферел како Освалд Коблпот / Пингвин.

Филмот е режиран од Мет Ривс, а сценариото го напиша заедно со Питер Крег. Бетмен пристигнува во кината на 4 март 2022 година.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.