Фотографијатa на кралицата Елизабета Втора растажи многумина: Прв Божиќ без принцот Филип
Кралицата Елизабета Втора (95) и годинава, како и секоја година, со божиќен говор ќе им се обрати на граѓаните на Обединетото Кралство и на другите народи ширум светот.
Ова воедно ќе биде прво божиќно обраќање по тешката година во која почина нејзиниот сопруг, принцот Филип. Јавноста веднаш забележа дека нејзиното обраќање годинава ќе биде нешто поинакво.
Имено, на фотографиите објавени во четвртокот, кралицата носи брош од сафир хризантема кој го носела на својот меден месец во далечната 1947 година. Таа го носеше истиот брош за да ја прослави 60-годишнината од бракот со принцот Филип во 2007 година.





