Занимливости
ФОТО: Фотографиран гром како удира во еруптиран вулкан
Германскиот фотограф Марк Сеглат (47) со својот фотоапарат успеал да сними несекојдневна ситуација на вулканска експлозија проследена со силни молскавици.
Вакви секавици настануваат за време на вулканска ерупција, кога вулканот ќе исфрли големо количество врел пепел со камења и гасови во воздухот.
Вулканот Сакурајима, на јапонскиот остров Кјуши е многу активен веќе од 1995 година.





