Занимливости
ФОТО: Оваа фотографија пренесува силна порака – „Додека има светлина, има и надеж“
Фотографија на филипинско дете кое на улица го користи светлото што доаѓа од ресторан на „Мекдоналдс“ за да напише домашната задача, објавена во британскиот весник „Дејли Мејл“, предизвика големо вниманието во светските медиуми и своевиден глобален интернет блог со сентиментална порака дека „додека има светлина, има и надеж’’.
Главната личност на фотографијата е деветгодишниот Даниел, ученик во основно училиште во Мандауе сити, на филипинскиот остров Цебу. По појавата на неговата фотографија на социјалните мрежи во пет дена имаше над 6.000 споделувања.
