Ви препорачуваме
ФОТО: Скопјани добија нов ноќен клуб – започна со работа „Vox Night Club“
Скопје отсекогаш било познато по добриот ноќен живот, а од пред една недела тој е збогатен со ново урбано место во кое посетителите ќе можат да уживаат во квалитетна музика и добар пијалак.
Официјално е отворен новиот клуб „Vox“, кој ќе претставува вистинско освежување за сите посетители, благодарение на уникатниот амбиент и одличните свирки во живо.
Ноќниот клуб се наоѓа на булевар Теодосиј Гологанов во Тафталиџе кај познатите млечни ресторани и има капацитет да ги задоволи потребите на 700 гости. Секоја недела со одличен репертоар на изведувачи, клубот се труди да им понуди на посетителите забава каква што ѝ доликува на метрополата.




