Магазин
ФОТОГАЛЕРИЈА: Витези и принцези го окупираа Скопје Сити Мол
Вчеравечер витези и принцези го окупираа Скопје. Се’ започна во Скопје Сити Мол, кога вратите од поставениот замок се отворија и приказната започна.
Во улоги на дами, принцези, витези и принцови беа најмалите кои облечени во специјални костими од средновековниот период се бореа за чест, трон и титула. Многу насмевки, возбуда, среќа и адреналин можеа да се забележат кај децата, кои повеќе од се’ беа импресионирани од приказната и игрите од средновековниот период.
