Актуелно
Третата продавница на H&M во Скопје се отвара на 7 март
Шведската модна компанија H&M ги отвора вратите на својата трета продавница во Скопје, во Skopje City Mall, на 7-ми март, во 10:00 часот H&M ќе понуди модна инспирација за целото семејство на површина од 1,477 м².
Клиентите ќе имаат можност да добијат -15% попуст на целокупната куповина, од денот на отворањето до недела, 10-ти март. Дополнително, првите 100 клиенти ќе освојат подарочни картички во вредност од 650МКД.