Магазин
Холивудските сценаристи се враќаат на работа, откако го прифатија новиот договор
Членовите на Здружението на сценаристи на Америка (WGA) одобрија нов тригодишен договор со големите студија, пет месеци откако синдикатот свика штрајк што ја наруши филмската и телевизиската продукција во Холивуд.
WGA соопшти дека 99 отсто од околу 8.500 гласачи го поддржале договорот, кој обезбедува покачување на платите, некоја заштита поврзана со употребата на вештачка интелигенција и други бенефиции. „Заедно успеавме да го постигнеме она што многумина велеа дека е невозможно пред само шест месеци“, рече претседателката на WGA West, Мередит Стием.





