Шоубиз
Ѕвездите на „Емили во Париз“ ја завршија љубовната романса
Врската меѓу актерите Ешли Парк и Пол Форман, познати од хит-серијата „Емили во Париз“, изгледа е завршена. Иако официјална потврда сè уште нема, шпекулациите од светските медиуми и објавите на социјалните мрежи сугерираат дека приказната е вистинита.
Двајцата се запознаа за време на снимањето на серијата и првпат беа видени заедно во 2023 година. Врската ја потврдија нешто подоцна, на романтичен начин кој ги освои обожавателите ширум светот.
Минатата година Ешли откри дека поминала низ тежок здравствен предизвик – септичен шок – а токму Пол бил тој што цело време ѝ бил поддршка.



