Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Том Круз и Ана де Армас подготвуваат најнеобичната свадба во историјата – со можност церемонијата да се одржи во вселената!

Шоубиз

Том Круз и Ана де Армас подготвуваат најнеобичната свадба во историјата – со можност церемонијата да се одржи во вселената!

Холивуд повторно врие од шпекулации откако светските медиуми пренесоа дека славните актери Том Круз и Ана де Армас планираат венчавка каква досега не е видена.

Наместо традиционална свадба, двојката разгледува идеи како подводна церемонија, размена на завети во падобрански скок, па дури и венчавка во вселената.

„Радар онлајн“ пишува дека Круз, кој важи за човек што постојано ја тестира границата на можностите, е особено воодушевен од замислата да бидат првиот пар што ќе изговори „Да“ во орбита.

Маркетинг

Иако ниту Круз ниту Ана досега не ја потврдиле романската врска јавно, нивните појавувања заедно на црвените теписи и гламурозни настани постојано ги држат медиумите и фановите во неизвесност.

Оваа вест се совпаѓа со шпекулациите околу разводот на Никол Кидман од Кит Урбан и наводната љубомора на Бен Афлек – поранешен партнер на Ана – кон новата љубовна приказна на славниот пар.

За потсетување, Том Круз трипати бил во брак – со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс – додека Ана де Армас претходно беше мажена за шпанскиот актер Марк Клоте.

Дали навистина ќе видиме свадба во вселената или сè е само холивудски маркетинг трик, останува да покаже времето. Едно е сигурно – љубовната приказна на Круз и Ана веќе го запали светот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.