Храна и пијалоци
Дали свежото млеко треба да се вари?
Свежото млеко е најдобриот избор за здрав хранлив пијалак што изобилува со нутритивни состојки. Свежото млеко збогатено со Д3 витамин од Битолска млекара не е потребно да се вари и како такво ги содржи најхранливите млечни состојки.
Свежината и нутритивните вредности се задржани со технолошки процес на бактофугирање, термичка обработка со којашто што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност. Вака спроведената пастеризација на свежото млеко овозможува гаранција за високиот квалитет и безбедност на производот.