Храна и пијалоци
Нови производи од палетата на Гемак – Џебно Шкотско Виски
Вчера, во Next Door Park Hotel-от, Гемак Трејд ги промовираше новите производи во своето продажно портфолио. Станува збор за ЏЕБНО ШКОТСКО ВИСКИ кое претставува модерен и иновативен производ за комплетно нов начин на уживање во омиленото шкотско виски.
„Гемак Трејд континуирано работи на проширување на своето портфолио на производи, стремејќи се да ги следи новите трендови и да промовира нови и иновативни форми во FMCG индустријата. Во таа насока, е и денешната промоција на џебното шкотско виски, единствен на пазарот по своите карактеристики. Производот доаѓа во модерно и стилско пакување од 20 цл, лесно за носење и во некршлива амбалажа, а самите производи се истото шкотско виски како и во добро познатата стаклена
амбалажа“. – изјавија од Гемак.





