Храна и пијалоци
Проја пица мафини – брз и вкусен појадок за целото семејство!
Ако барате брз и лесен појадок што ќе го обожава целото семејство, тогаш проја пица мафините се идеален избор!
Се подготвуваат за само 15 минути, а најдобриот дел е што можете да ставите се што ќе најдете во фрижидерот. 🧀🥓🌶️
Класична верзија 🍽️
Состојки:
✅ 2 јајца
✅ 1 чаша кисело млеко
✅ ½ чаша масло
✅ 1 чаша пченкарно брашно
✅ 1 чаша бело брашно
✅ 1 кесичка прашок за пециво
✅ 150 г сирење (или кашкавал)
✅ 100 г шунка (или сувомеснато)
✅ 1 мала лажичка сол
✅ Зачини по вкус (оригано, босилек, црн бибер)
✅ Малку кечап 🍅




