Strongbow и Apple Bandit – ново природно сајдер освежување од Пивара Скопје
Пивара Скопје на пазарот лансираше нова категорија пијалаци – САЈДЕР. Сајдерот е еден од најпопуларните нискоалкохолни освежителни пијалаци во светот. Пивара Скопје лансира два сајдер брендa од портфолиото на Heineken: Strongbow, водечки премиум бренд во оваа категорија во светски рамки, како и брендот Apple Bandit, кој е исклучително популарен ширум Европа, а особено во земјите од нашиот регион.
„Следејќи ги пазарните трендови, како и преференците и потребите на потрошувачите, кои секогаш се во фокусот на нашето работење, Пивара Скопје одново ја проширува својата понуда, воведувајќи нова категорија пијалаци на пазарот. Среќни сме што и потрошувачите во земјава отсега ќе можат да уживаат во уникатното природно освежување што го овозможуваат двата водечки сајдер бренда – Strongbow и Apple Bandit. На ваков начин, како компанија ја исполнуваме нашата основна мисија, преку постојани иновации да им овозможиме на консументите најразновидна и најширока понуда на квалитетни производи“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.
Сајдерот е оригинален, автентичен пијалак што се добива со ферментација на јаболки, како природна состојка. Се карактеризира со лесен, сладок до слатко-киселкаст вкус. Токму поради тоа сајдерот нуди природно освежување кое дополнително е засилено со ниската газираност.




