Во сабота започнува првиот фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”!
Викендов започнува долгоочекуваниот фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”, во организација на Моментум Инк. Фестивалот, кој по својата природа е единствен во околината, ќе не однесе во една поинаква реалност – далеку позабавна и повкусна од нашето секојдневие!
Официјалниот почеток на настанот е закажан во сабота, од 11.00ч, а веќе во 12.00ч ќе ги проследиме Nu House & Friends со нивната интерактивна вкусна работилница. Во текот на денот преку пикник ќе ја проследиме магијата на готвачот Cooking with Branko, а веднаш потоа Bonita Vita ќе ни ги презентираат нивните вкусни органски намази! Убавите нешта, уникатноста и возбудата се она што фестивалот го слави, па така ќе имаме можност да погледнеме како се креираат уникатните букети што се јадат на Букет среќа, ќе чуеме долго чувани тајни и научиме корисни совети со Се’ за храна, а ќе отвориме нови перспективи преку презентацијата на Готвиме со Теа која ќе креира Цезар салата од еден поинаков агол!
Од 18.00ч, површините на паркот ќе ги претвориме во подиум – ќе танцуваме и ќе се забавуваме со нашиот DJ Boogieman.




