Магазин
Индиски рецепт против паѓање на косата и за зајакнување на влакното
Билката еклипта албасе, во Индија позната како Бхрингарај, помага во зајакнување на косата и против косопастот, објави „Тајмс оф Индиа“.
Според „Тајмс оф Индиа“, оваа лековита билка, т.е. нејзиното масло, со години се користи за зајакнување на фоликулите на влакното, како и против стареењето.
Подготовката на средството бара загревање на шолја кокосово масло. Потоа додајте лажица бхрингарај прашок или масло. Тоа се загрева околу пет минути, се лади и се сипува во покриено канче во кое треба да отстои неколку дена.




