Магазин
Исчезната плажа во Ирска се појави повторно по 30 години (ФОТО)
Исчезната плажа во западна Ирска се појави ненадејно по повеќе од 30 години, и тоа благодарение на плимата.
Овој феномен е доказ дека во природата ништо не се загубува. Во 1984 година, силна бура во морето однела илјадници тони песок и го „соголила до камен“ брегот на заливот, близу едно село на Ахиловите Острови.
Три десетилетија подоцна, водите на Атлантикот, односно пролетната плима го врати песокот на плажата.




