Магазин
ИСТРАЖУВАЊЕ: Односот на таткото кон децата влијае на нивниот социјален живот
Родителите имаат клучна улога во одгледувањето на децата, но и формирањето на нивната личност и односите со другите луѓе.
Сепак, ново истражување на Државниот универзитет на Пенсилванија, покажува дека татковците имаат поголемо влијание во одредени делови од нашиот живот, на пример – друштвеноста или толеранцијата кон луѓето, пишува списанието „Џурнал оф Јут Адолесенс”.
Испитувањето открива дека оние деца кои се отфрлени од татковците имаат поголема социјална анксиозност од оние кои не биле отфрлени.




