Шоубиз
Александра Пријовиќ уживаше во Дизниленд со своето семејство и го покажа трудничкото стомаче
Српската пејачка Александра Пријовиќ (29) ги објави првите фотографии од своето трудничко стомаче на својот Инстаграм профил.
По успешната турнеја „Од исток до запад“, пејачката се повлече во Мајами, каде, како што се шпекулираше, ќе ја помине бременоста. Александра објави фотографии на својот Инстаграм профил од семејното патување во Дизниленд, каде што уживаше со сопругот Филип Живојиновиќ и синот Александар.
Следбениците беа особено трогнати од првата фотографија каде нејзиниот син го бакнува нејзиниот труднички стомак, додека Александра ги носи препознатливите уши на Мики Маус. Познато е дека пејачката очекува девојче, кое треба да пристигне ова лето.




