Занимливости
Канаѓанец продавал вода од виршли како врвен еликсир за здравје
Знаејќи дека луѓето се подготвени да издвојат поголема сума пари за нешто што би ги направило здрави, еден уметник од Ванкувер, Канада, почнал да продава вода во која се вареле виршли на уличен фестивал. И секако, луѓе тоа го купувале.
Даглас Беванс го продавал „еликсирот“ под името „Хот-дог вода”. Како што вели, тој сварил околу 100 органски виршли, а потоа водата во која се вареле ја претурил во шишињата. Приготвениот напиток го продавал по цена од 38 долари за едно шише.
На крај од неделата имало и специјална понуда – две шишиња за „само“ 75 долари (намалување од само еден долар).




