Магазин
Кејт Мидлтон го слави својот 43. роденден: Принцот Вилијам и посвети емотивна објава
Британската принцеза Кејт денеска наполни 43 години, а нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, и испрати јавна честитка во која ја нарече „најневеројатната жена и мајка“ и ѝ се заблагодари за силата што ја покажа во борбата против ракот.
Кејт го прославува својот 43-ти роденден дома во Виндзор со своето семејство, по завршувањето на хемотерапијата по дијагнозата на рак минатата година.
„До најневеројатната сопруга и мајка. Силата која ја покажа во изминатата година е извонредна. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме многу горди на тебе. Среќен роденден Кетрин. Те сакаме“ – стои во пораката.




