Шоубиз
Меган и Хари го прославија роденденот на нивната ќерка во Дизниленд
Меган Маркл (43) и принцот Хари (40) беа со своите деца на патување во Дизниленд, каде што го прославија четвртиот роденден на нивната ќерка Лилибет.
Војвотката од Сасекс сподели моменти од нивниот дводневен одмор на Инстаграм, а судејќи според фотографиите, семејството уживало максимално. Тие пробаа разни адреналински возења и се запознаа со ликови од Дизни.




