Занимливости
Литванците пијат најмногу жесток алкохол
Според последната студија на Организацијата на економска соработка и развој, Литванија е земјата каде се пие најмногу алкохол по глава од жител, јави Индепендент.
Тие ги земаа предвид и резултатите од 2000, како и оние од 2013 година и докажаа дека во оваа балтичка земја се пијат 14 литри алкохол по глава од жител годишно.
На второ место е Австрија, трето место повторно е една балтичка земја, Естонија, а Чешка е четврта со 12 литри алкохол по глава од жител.




