Занимливости
На гласачките ливчиња во Хрватска се најде и Рада од „Големиот брат“
Изборите вообичаено се нарекуваат „фестивал на демократијата“, но секои гласања еден дел од граѓаните ги користат за искажување на својата иновативност во изразувањето на својот револт од политичките елити.
Еден дел од гласачките ливчиња редовно завршува во категоријата „неважачки“, на кои граѓаните го искажуваат своето вистински мислење за политичарите.
Така и на вчерашните избори во Хрватска имаше случаи во кои гласачите допишуваа „свои кандидати“ на ливчињата. На едно гласачко ливче беше допишано името на германската канцеларка Ангела Меркел, а на друго на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун,




