Магазин
Лувр отвора свој музеј во Абу Даби (ВИДЕО)
Музејот Лувр наредниот месец официјално ќе ја отвори својата галерија во Абу Даби, речиси 11 години откако Франција и Обединетите Арапски Емирати го потпишаа договорот за изградба.
Како што јавуваат локалните медиуми, музејот во престолнината на Емиратите ќе има 700 експонати, воглавно позајмени од парискиот Лувр. Се работи за прв „одгранок“ на Лувр вон Франција.
Абу Даби на Франција и исплати 445,2 милиони евра за правото на користење на називот Лувр, и дополнителни 636 милиони евра за француски стручњаци и менаџери задолжени за уметничките дела.




