Занимливости
Мајка на шест деца го открива рецептот за својата неверојатна линија
Тенил Данкан од австралискиот источен Златен Брег, близу градот Бризбејн, која инаку е мајка на шест деца, ја открива својата тајна околу тоа како и после шест раѓања го задржала и одржува своето витко тело.
Жената е среде своите 30-ти години, има големо семејство, а се уште не се откажува од својата страст – фитнесот. Таа работи како личен тренер, и вежба шест дена седмично.
– Секое утро се будам во 4:30 часот, па вежбам додека моите деца се уште се в кревет. Потоа го подготвувам појадокот. Откако ги испраќам нив на училиште, им се посветувам на своите клиенти, вели таа.






