Шоубиз
Ким Кардашијан: „Без разлика на помошта што ја имам, на крајот сама одгледувам четири деца“
Ким Кардашијан неодамна гостуваше во подкастот „What In the Winkler?“ на водителката Зои Винклер, каде дискутираше за нејзиното мајчинство и загриженоста за одгледувањето на децата што ги има во бракот со Канје Вест.
Ријалити ѕвездата и раперот се разделија во 2022 година и заедно имаат четири деца, ќерките Норт (11) и Чикаго (6) и синовите Сеинт (8) и Псалм (5).




