Занимливости
Тексашанец го каснала змија откако и ја отсекол главата
Тексашанец за малку ја избегна смртта, откако го касна змија на која претходно и ја отсекол главата. За да го спасат лекарите му дале дури 26 дози со противотров.
Џенифер Сатклиф за локалните медиуми соопшти дека нејзиниот сопруг додека работел во градината здогледал ѕвечарка долга 1,25 метри на која и ја отсекол главата.
Кога почнал да ги собира деловите од змијата, тој бил каснат од главата, бидејќи рефлексот за каснување кај змиите се задржува и до неколку часа од нивното угинување.




